Утрински Весник
Спорт

Милан најмалку еден месец ќе биде без Томори

Милан најмалку еден месец ќе биде без Томори

Милан, синоќа, успеа да ја елиминира Џенова од купот на Италија. Црвено-црните, дури по продолженијата, со среќниот гол на Леао, славеа победа 2:1. Ден по натпреварот, тренерот Сефано Пиоли, доби лоши вести од медицинскиот тим.

Милан, најмалку еден месец е биде без Фикајо Томори. Англичанецот го повредил менискусот. Според лекарите, повредата не е страшна, но е сериозна, поради што тој ќе мора еден месец да отсуствува од тимот.

Повредата на Томори само ќе ги зголеми проблемите кои Пиоли ги има со дефанзивата линија. Поради повреса на лигаментите, сезоната веќе заврши за Симон Кјер.

Повредата на Томори ќе го натера Миланда се активира на трансфер пазарот или да ги обнови преговорите со Манчестер јунајтед за Ерик Баи. Медиумите, минатата недела пишуваа дека Милан зака да го донесе играчот од Брегот на Слоновата коска на позајмица до крајот на сезоната.

> Милан најмалку еден месец ќе биде без Томори <

Можете да прочитате

Роналдо му ја честита титулата на Спортинг

Стојоски собори државен рекорд стар 44 години

Левандовски: Мбапе е пример за младите, јасно им дава до знаење дека не е важен само фудбалот