Утрински Весник
Спорт

Гвардиола ќе го наруши спокојот на „Сантијаго Бернабеу“

Гвардиола ќе го наруши спокојот на „Сантијаго Бернабеу“
Ss2

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, има намера да го наруши спокојот кој владее на „Сантијаго Бернабеу“. Гвардиола покажал интерес за еден играч на Реал и една потенцијална мета на „кралскиот клуб“.

„Ел Насионал“, тврди дека Манчестер сити, поточно Гвардиола, ги контактирал менаџерите на Винисиус жуниор. Младиот Бразилец, сезонава игра во фантастична форма, со 12 гола во првенството е втор стрелец во клубот и лигата воопшто. Пред него е само неговиот соиграч Карим Бензема.

300x250 (7)

Овој интерес, сигурно ќе го го натера Флорентино Перез, да му понуди подбри финански услови и нов догоор на 21-годишниот фудбалер.

Исто така, Гвардиола, побарал од клупските челници, да се вмешаат во борбата за потписот на Ерлинг Халанд. Извесно е дека Норвежанецот ќе ја напушти Борусија Дортмунд, во зимскиот преоден рок.

Овој интерес на Гвардиола се коси со плановите на Реал. Според медиумите, во овој момент, Реал се фаворити за неговиот потпис.

> Гвардиола ќе го наруши спокојот на „Сантијаго Бернабеу“ <

Ss1

Можете да прочитате

Струмица е старо-нов првак во одбојка

Рома го доби доиграниот натпревар во Удине

Димитријевиќ е МВП на сезоната во ВТБ лигата!