Утрински Весник
Свет

Белата куќа резервирана за рускиот гасовод

Белата куќа резервирана за рускиот гасовод

Нацртот на републичкиот закон за воведување санкции против компаниите кои учествуваат во изградбата на гасоводот Северен тек 2, кој ги поврзува Русија и Германија, а за кој САД се против, не помина во американскиот Сенат.

Неколку демократи гласаа како нивните конзервативни колеги, но беа потребни 60 сенаторски гласови за да се прифати законот.

Високо рангирани демократски сенатори претставија уште една предложена санкција со која Путин би се казнил во случај на напад на Украина.

Текстот поддржан од Белата куќа ги повикува Соединетите Држави да „разгледаат достапни и соодветни мерки“ за да го спречат пуштањето во употреба на Северен тек 2, кој се нарекува „средство за злонамерно влијание од страна на Руската Федерација“.

Претходно, републиканскиот лидер во Сенатот, Мич Меконел, повика да се испрати „остро предупредување“ до рускиот претседател Владимир Путин дека „нема да може да ја користи енергијата како оружје“.

Можете да прочитате

Жесток руски напад врз Киев има мртви и ранети

Осмоодделенец со нож уби наставничка, повредени уште две лица

Стапи во сила забраната на САД за увоз од Канада во вредност од една милијарда долари