Утрински Весник
Свет

Протест на италијанската полиција – не сакаат розови заштитни маски

Протест на италијанската полиција – не сакаат розови заштитни маски

Италијанската полиција протестираше до МВР поради набавката на розови заштитни маски, кои полицајците треба да ги носат на должност, тврдејќи дека бојата го нарушува нивниот углед.

„Не ја разбираме причината за набавката на маски во боја, кои на прв поглед би биле несоодветни за нашата администрација“, се вели во писмото на полицискиот синдикат до Министерството за внатрешни работи, пренесува „Ројтерс“.

Полициските службеници оценуваат дека „оваа набавка е збунувачка“ и дека со оглед на тоа што здравствената криза трае две години, би требало лесно да се набават соодветни заштитни маски.

Во иднина маските да бидат само црни, бели или сини, бараат полицајците во писмото.

Од италијанското МВР не се огласија во оваа пригода.

Можете да прочитате

Трамп предупреди за можен напад со „валкана бомба“, Иран ги отфрли тврдењата

Голем пожар во една од најголемите руски рафинерии

Ле Пен: Погрешив што се спротивставував на двојното државјанство и истополовите бракови