Утрински Весник
Македонија

Разбојници од Скопје, со закана од нож украле чанта со дневен промет од бензинска пумпа

Разбојници од Скопје, со закана од нож украле чанта со дневен промет од бензинска пумпа

Денеска во 05.20 часот со заедничка акција на полициски службеници од полицискиот пункт од оперативната акција „Рефлекс“, мото патрола од Полициското одделение Петровец и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје на подрачјето на с.Катланово се лишени од слобода М.М.(22) и К.Р.(25), двајцата од Скопје.

Тие, дваесеттина минути претходно, на бензинска пумпа на локалниот пат с.Ржаничино – с.Катланово со закана со нож од вработените одзеле чанта со дневен промет.

Кај лицата се пронајдени одземените парични средства и ножот кој е користен при извршување на кривичното дело.

Тие се приведени во полициска станица и во координација со Јавен обвинител, по документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Можете да прочитате

Муцунски: Западен Балкан да престане да биде „сива зона“ на Европа, да се оттргнеме од билатерализацијата на пристапните критериуми

Мавровско Езеро во пресрет на Светското првенство порибено со два тона крап

Невреме и силен ветер ја зафаќаат Македонија: Удари над 70 км/час и можен град