Утрински Весник
Македонија

Приведени крадци од Скопје, одземеното вратено на сопственикот

Приведени крадци од Скопје, одземеното вратено на сопственикот

Вчера во 16.00 часот од страна на полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Гази Баба се приведени Џ.Д.(20) и Е.Д.(22), двајцата од Скопје, со што е расчистено кривично дело „кражба“, извршено на 28.12.2021 во 01.20 часот во казино на подрачјето на Гази Баба.

Притоа, било утврдено дека кривичното дело го извршила Џ.Д., додека Е.Д. ѝ помогнал во извршувањето. Одземеното е пронајдено кај приведените и вратено на сопственикот.

Во координација со Јавен обвинител по комплетно документирање на случајот против двете лица ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Можете да прочитате

Левица: Ристов ќе удри по џебот на најсиромашните – укинувањето на евтината тарифа ќе ги зголеми сметките

За два дена 1433 сообраќајни прекршоци

Почнува судењето на 13 полицајци за пожарот во „Пулс“