Утрински Весник
Свет

Професорите во Франција штрајкуваат за поголема заштита од Ковид-19

Професорите во Франција штрајкуваат за поголема заштита од Ковид-19
Dik 300x250 mk

Наставниците и професорите во француските основни и средни училишта вчера масовно штрајкуваа жалејќи се на недоволна заштита за време на пандемијата, особено во време кога во земјата има повеќе од триста илјади новозаразени дневно.

Надлежните, напротив, уште повеќе го олеснија протоколот бидејќи беше комплициран, на што се пожалија и професорите.

Според Министерството, 38 отсто од наставниците во основните училишта и 23 отсто од наставниците во средните училишта излегоа на штрајк.

Поради изразеното незадоволство, претставниците на штрајкувачите во четвртокот вечерта беа примени од премиерот Жан Катекс, а на состанокот преку видеоконференција учествуваа и министерот за образование, Жан-Мишел Бланш, и министерот за здравство, Оливие Веран, кој денеска соопшти дека е заразен од коронавирус.

Можете да прочитате

Над 30 повредени откако бил испуштен иритирачки гас во германско училиште

СЗО ќе вакцинира 44.000 деца во Појасот Газа

Покровск пред пад, се водат улични борби, Украинците се опколени