Утрински Весник
Спорт

Пабот на Мекгрегор нападнат со молотови коктели

Пабот на Мекгрегор нападнат со молотови коктели

Пабот „Блек форџ ин“ во Даблин, кој е во сопственост на УФЦ мегаѕвездата Конор Мекгрегор во средата навечер бил мета на напад со молотови коктели, неколку часа откако Ирецот бил во објектот.

Според ирските медиуми, двајца мажи на мотоцикл се приближиле до пабот и фрлиле молотови коктели неколку часа откако Мекгрегор имал приватна забава. Пабот бил затворен во тој момент поради ирските закони за заштита од КОВИД кои ги приморуваат пабовите да се затворат по 20 часот.

Мекгрегор го купи пабот за 2 милиони евра во 2019 година, а оттогаш купи уште еден паб „Марбл арч“ во ирската престолнина, каде што во 2019 година нападна еден постар човек кој не сакал да проба од неговото виски, по што мораше да му се извинува.

Ирецот уште паузира од скршената нога која ја доби во УФЦ борбата со Дастин Поаире, но според најавите веќе во април се враќа на тренинзи пред камбекот ова лето.

View this post on Instagram

A post shared by Conor McGregor Official (@thenotoriousmma)

View this post on Instagram

A post shared by Conor McGregor Official (@thenotoriousmma)

> Пабот на Мекгрегор нападнат со молотови коктели <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина