Утрински Весник
Свет

Енергетска криза во Шведска – драстичен скок на цената на струјата

Енергетска криза во Шведска – драстичен скок на цената на струјата

Шведската влада издвои 670 милиони долари како компензација на домаќинствата поради драстичното поскапување на струјата, изјави министерот за финансии Микел Дамберг.

– Ова е итна мерка во вонредна ситуација, не е вообичаено државата да дава помош поради флуктуацијата на цените на пазарот – изјави Дамберг за шведската медиумска куќа СВТ.

Цените на струјата драстично скокнаа, па така, на пример, сметката за просечен стан во најнаселените, јужни делови на Шведска, порасна за 266 отсто во декември.

– Не го очекувавме ова ниво на цените и ударот е голем – рече Дамберг и додаде дека Владата ќе издвои „огромна сума“ како обештетување на граѓаните.

Околу 1,8 милиони домаќинства ќе добијат отштета од околу 220 долари по домаќинство во текот на зимата поради зголемените сметки за струја.

Струјата во Шведска расте поради студеното време и зголемената побарувачка, но и скокот на цената на бензинот на европскиот пазар.

Шведските медиуми јавуваат дека граѓаните на различни начини се обидуваат да ја намалат потрошувачката, од исклучување на радијаторите до алтернативни начини на греење, додека некои Швеѓани земаат кредити за да ги платат зимските сметки.

Шведска не е првата земја во Европа која воведе обесштетување за граѓаните поради скокот на цената на струјата, бидејќи Норвешка неодамна го стори истото, додека Италија во септември воведе таква мерка, пренесува РT.

Можете да прочитате

Мал авион се урна во австриските Алпи – четири лица загинаа

Големо невреме ја погоди Турција: Авион принудно слета по удар од гром

Бројот на жртви од поплавите во Тексас се искачи на 27, меѓу кои девет деца и директорката на кампот