Утрински Весник
Македонија

Постапка против градоначалникот на Јегуновце поради инцидент во општинската зграда

Постапка против градоначалникот на Јегуновце поради инцидент во општинската зграда

Секторот за внатрешни работи Тетово изготви и до тетовскиот поднесе барање за поведување прекршочна постапка против актуелениот градоначалник на општина Јегуновце, 44-годишниот Д.К. од тетовско Туденце, информираат од МВР.

Според пријавеното, тој во претпладневните часови на 5 јануари во Архивата на општинскиот објект, најпрво
вербално се расправал со М.М.(69) од Скопје, управител на приватна фирма, му ги зел, ги стуткал и фрлил документите на една од масите и го истуркал од просторијата.

М.М. претходно бил повикан во општината да достави фактури за претходно извршени услуги за општината, односно поради нерасчистени должничко-доверителни односи, посочуваат од МВР.

До Основниот суд Тетово поднесено е и барање за поведување на прекршочна постапка и против 69-годишникот од Скопје кој, според пријавеното, го навредувал и му се заканувал на градоначалникот на Јегуновце.

Можете да прочитате

Почина пејачот Владо Јаневски – 24info.mk

До 18:00 часот регистрирани 12 пожари на отворено

СДСМ: Мицкоски прави ЗНАМ 2.0 – Продава иднина за тендери и одбрана на криминал