Утрински Весник
Свет

Русите се повлекуваат од Казахстан

Русите се повлекуваат од Казахстан

Мировниците на ОДКБ почнаа да ги предаваат стратешките објекти што ги чуваа во Казахстан на армијата и полицијата на републиката, соопшти Министерството за одбрана на Русија.

„Во согласност со планот направен од колективните мировни сили ОДКБ и Министерството за одбрана на Република Казахстан, започна предавањето на објектите од општествено значење, чувани од мировници, на органите за спроведување на законот во земјата“, соопшти Спутник.

Како што се наведува, во тек е подготовка на воена техника и опрема за натоварување во авионите на руските воздухопловно-космички сили и нивно враќање во нивните бази.

Враќањето на силите на ОДКБ во нивните земји ќе биде организирано во соработка со казахстанската страна.

Дека ситуацијата во Казахстан се стабилизира покажува и податокот дека црвеното ниво на терористичка закана е укинато во Нур Султан и во 13 други региони во републиката.

Вчера претседателот на Казахстан, Касим Јомарт Токаев најави дека мировниот контингент на ОДКБ ќе почне со повлекување од земјата на 13 јануари.

Можете да прочитате

Израел ги нападна Хутите во Јемен

Трамп најави дополнителни царини за секој што ќе соработува со „антиамериканскиот сојуз БРИКС“

Бројот на жртви од поплавите во Тексас достигна 70