Утрински Весник
Македонија

Петков ја одложи посетата на Скопје поради контакт со позитивен на ковид

Петков ја одложи посетата на Скопје поради контакт со позитивен на ковид

Посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков на Скопје е одложена, откако тој заврши во самоизолација поради контакт со позитивен на Ковид-19 на вчерашната средба на Советот за национална безбедност во Софија.

Од прес-центарот на бугарската влада истакнаа дека посетата на Скопје не се откажува, туку дека се одложува, но не е јасно за кога, пренесе БНТ.

Бугарскиот претседател на Собранието Николај Минчев вчера добил позитивен ПЦР тест по состанокот на Советодавниот совет за национална безбедност под претседателот Румен Радев.

„Во зависност од тоа, кој каков имунолошки статус има, имаат ли бустер или не, ќе биде поставен под различен рок на карантин“ , изјави Ангел Кунчев, државен здравствен инспектор во Бугарија.

Премиерот Петков требаше да пристигне во Скопје на 18 јануари, на средба со мандатарот Димитар Ковачевски.

Можете да прочитате

Извлечено телото на исчезнатиот давеник од Вардар 

Запленети над 11 килограми марихуана и 400 грама кокаин во стан во Скопје

Филипче со закана за исклучување на Петровска?!