Николас Кејџ го проширува своето потомство, oбјавија медиумите, додавајќи дека холивудската ѕвезда го очекува своето трето дете, прво со петтата сопруга, јапонската актерка Рико Шибата.
58-годишниот Кејџ веќе има два сина Кал-Ел (16) и Вестон (31) од поранешните бракови.
„Идните родители се многу среќни откако ја дознаа убавата вест“ изјави претставник на Кејџ за магазинот „Пипл“ и додаде дека сопругата му кажала дека е бремена токму на неговиот роденден.
„Специјален подарок за неговиот 58. роденден“, додаде тој.
Николас и Рико се венчаа во февруари минатата година на мала интимна церемонија во Лас Вегас.
Рико има 27 години и е четири години помлада од најстариот син на Николас. Двојката се запозна во Јапонија додека Кејџ беше на снимање на „Затвореници на земјата на духови“ (Рrisoners of the Ghostland), јапонско-американска копродукција.