Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

(Видео) СДСМ: Во време на енергетска криза Арсовска нема предвидено ниту денар за помош на граѓаните

(Видео) СДСМ: Во време на енергетска криза Арсовска нема предвидено ниту денар за помош на граѓаните
300x250 opst2

Наместо конкретни мерки за помош на скопјани во време на глобална енергетската криза и криза со топлинска енергија во Град Скопје, Арсовска не презема ништо, дури нема предвидено ниту денар во буџетот за помош на граѓаните, обвини денеска Мартин Попов, советник во Советот на Град Скопје од редовите на СДСМ.

Според него, скопската градоначалничка постојано се иззема и бара разни оправдувања за нејзината неспособност и незнаење.

„Член 151 став 1 од Законот за енергетика јасно вели дека ‘Заради сигурно, безбедно, непрекинато и квалитетно снабдување со топлинска енергија на потрошувачите на своите подрачја, единиците на локална самоуправа овозможуваат услови за извршување на следниве енергетски дејности:

1) производство на топлинска енергија;

2) дистрибуција на топлинска енергија и

3) снабдување со топлинска енергија“, посочи претставникот на СДСМ и додаде дека Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ ги заборавиле скопјани среде криза.

Попов кажа дека во градскиот буџет за 2022 година за шест пати се намалени средствата за субвенции за набавка на инвертори, а, како што рече, нема ниту еден денар издвоено за справување со енергетската криза.

„После три месеци од мандатот, Арсовска конечно нека ги научи надлежностите на градоначалникот и Советот на Град Скопје и нека се зафати со работа или нека остапи“, порача тој.

Можете да прочитате

Мицкоски ги повика кумановци да гласаат за Максим Димитриевски

37 обвинети, 33 адвокати и 250 оштетени судењето за „Пулс“ ќе биде правен маратон

Забрчанец: Дали Мицкоски се правда или бара мандат кој ќе трае со децении?