Утрински Весник
Свет

Околу милион хинду верници на ритуално капење во реката Ганг и покрај коронавирусот

Околу милион хинду верници на ритуално капење во реката Ганг и покрај коронавирусот
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Речиси милион хинду верници се очекува да се соберат на бреговите на Ганг овој петок и сабота на ритуално капење и покрај брзото ширење на Ковид-19 во земјата, изјави претставник за светските агенции.

Индија објави бројка од 168.063 новозаразени со Ковид-19, што е 20 пати повеќе за еден месец.

Повеќето од заразените се опоравуваат дома, а нивото на хоспитализации е помалку од половина од бројот регистриран за време на последниот голем бран на инфекција во април и мај.

Многу држави објавија ноќен полициски час, додека главниот град Делхи, исто така, воведе затворања за викенд, затворајќи ги приватните канцеларии, како и рестораните и баровите во обид да се спречи брзорастечката варијанта на омикрон.

Но, десетици илјади аџии веќе пристигнаа на местото на годишниот ритуал на Ганг.

„Може да пристигнат помеѓу 800.000 и еден милион луѓе. Се обидуваме да ги имплементираме сите протоколи за ковид“, изјави Чандра Хазра, министер на Западен Бенгал задолжен за организирање на фестивалот.

„Организиравме и прскање со света вода од беспилотни летала за да ја спречиме толпата, но садусите (светите луѓе) имаат тенденција да се нурнат. Не можеме да ги спречиме“, вели тој.

Сличен голем верски фестивал во северна Индија минатата година беше причина за ширењето на делта-сојот од кој беа заразени милиони луѓе а починаа десетици илјади.

Секоја година на 14 јануари, на важниот хиндуски ден Макар Санкранти, аџиите го посетуваат селото Гангасагар за да се капат на сливот на Ганг и Бенгалскиот залив.

Лекарите апелираа до високиот државен суд да ја поништи одлуката за одржување на фестивалот оваа година, загрижени дека настанот ќе стане можност за огромно ширење на вирусот.

Можете да прочитате

Трамп: Нетанјаху понекогаш е тежок, се надевам дека втората фаза од мировниот план за Газа ќе стапи на сила многу брзо

Рускиот претседател потпиша указ за регрутација на 261.000 руски граѓани

Германија има недостиг од 120.000 возачи на камиони