Утрински Весник
Свет

Босанец стана херој во Америка – спаси мајка и две деца

Босанец стана херој во Америка – спаси мајка и две деца

Американските медиуми пишуваат за државјанин на БиХ, Нихад Ибрахимовиќ кој спасил мајка и две деца од превртен автомобил во Хартфорд, Конектикат.

Детали за настанот што се случи пред неколку дена соопшти здравствената организација „Juniper Homecare“ во која Нихад работи како менаџер веќе 17 години.

“Утрово додека беше на рута за испорака на улицата Јужна Витни во Хартфорд, нашиот менаџер Нихад забележа нешто во далечината. Сфати дека се работи за автомобил кој се превртел на сред пат. Кога видел како од него извива чад, сфатил дека немал многу време и веднаш презел акција“, стои во соопштението на официјалната веб-страница на организацијата.

Можете да прочитате

Норовирус се шири на луксузен крузер: Повраќање и дијареја кај над 100 лица

Украински беспилотни летала погодиле објект во Летонија, министерот за одбрана поднесе оставка

Фицо: Зеленски треба да му се јави на Путин