Утрински Весник
Свет

Во Њујорк е уапсен постар човек кој се заканувал дека ќе го убие Трамп

Во Њујорк е уапсен постар човек кој се заканувал дека ќе го убие Трамп
Dik 300x250 mk

72-годишен маж, кој ги предупредил американските власти дека планира да го убие Доналд Трамп пред или по претседателските избори одржани во ноември 2020 година, е уапсен во Њујорк, соопшти обвинителството.

„Томас Велницки свесно и намерно му се заканувал на поранешниот американски претседател дека ќе го убие, киднапира и ќе му нанесе телесни повреди“, соопшти обвинителството.

Велницки, кој беше уапсен од членовите на Тајната служба, агенцијата одговорна за заштита на американските претседатели и потпретседатели, треба да биде дополнително испрашуван.

Уапсеното лице се јавило во канцеларијата на Тајната служба во Њујорк најмалку три пати од 24 септември до 2 декември 2021 година. Тој кажал дека имал намера да го убие Трамп и побарал информации за заштита на поранешниот американски претседател, додавајќи дека поседува оружје за таа цел.

„Ќе направам се што можам за да се уверам дека е мртов“, рекол Велницки во телефонскиот разговор во кој го споредил Трамп со нацистичкиот лидер Адолф Хитлер.

Можете да прочитате

Нема враќање на средствата на „Лукоил“, дури и ако санкциите се укинат

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

Над 30 повредени откако бил испуштен иритирачки гас во германско училиште