Утрински Весник
Свет

Фајзер прави вакцина против сојот омикрон

Фајзер прави вакцина против сојот омикрон

Вакцината на американската фармацевтска компанија Фајзер против сојот омикрон ќе биде готова во март, а компанијата веќе почнала да произведува дози, откри за CNBC извршниот директор на Фајзер,Алберт Бурла.

Тој рече дека новата верзија на вакцината ќе ги таргетира другите видови на вирусот што циркулираат низ светот.

Сепак, тој нагласи дека се уште не е јасно дали вакцината против омикрон ќе биде потребна и како ќе се користи, но Фајзер сигурно ќе има готови залихи, бидејќи, според него, има влади кои сакаат да купат дози што е можно побрзо.

Претходно, извршниот директор на Модерна, Стефан Бансел изјави дека компанијата подготвува вакцина против омикрон.

Можете да прочитате

Трамп: Виткоф би можел да ја посети Русија в среда или четврток

Во Саудиска Арабија егзекутирани осум осуденици во еден ден

Македонска државјанка повредена во сообраќајка на Алјаска