Утрински Весник
Свет

(Видео) Најмалку 19 лица загинаа во пожар во зграда во Њујорк, а околу 60 се повредени

(Видео) Најмалку 19 лица загинаа во пожар во зграда во Њујорк, а околу 60 се повредени

Најмалку 19 луѓе ги загубија животите, а околу 60 се повредени во пожарот што избувна во зграда во областа Бронкс во Њујорк, изјави на местото на настанот новиот градоначалник Ерик Адамс.

„Тоа ќе биде најлошиот пожар во нашата историја. Знаеме дека имаме 19 мртви, неколкумина во критична состојба и повеќе од 63 повредени“, изјави Адамс во директен пренос на телевизија.

Новиот градоначалник на Њујорк, поранешен полицаец кој ја презеде функцијата на 1 јануари, нагласи дека „ова е вистинска трагедија, не само за Бронкс и градот“.

Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат голем пожар и густ црн чад што извира од прозорците на една висока зграда во Бронкс, голема населба во северниот дел на Њујорк.

Пожарникарите првично пријавиле околу триесетина повредени.

 

Можете да прочитате

Норовирус се шири на луксузен крузер: Повраќање и дијареја кај над 100 лица

Украински беспилотни летала погодиле објект во Летонија, министерот за одбрана поднесе оставка

Фицо: Зеленски треба да му се јави на Путин