Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Два гола од пенал – Камерун со победа го отвори Купот на Африка

Два гола од пенал – Камерун со победа го отвори Купот на Африка
Img 7972

Домаќинот на Африканскиот куп, Камерун, со победа стартуваше на турнирот. Во првото коло, во А-групата, Камерун со 2:1, ја победи селекцијата на Буркина Фасо.

Камерунците славеа со пресврт против Буркина Фасо. Сите голови беа постигнати во првото полувреме.

Сангаре ги шокираше навивачите на Камерун со голот во 24.минута. Камерун израмни од пенал, преку Абубакар во 39.минута. Истиот играч, повторно од пенал во третата минута од надополнувањето на времето, во првиот дел, го постави конечниот резултат.

Во вториот дел Абубакар постигна уште еден гол, кој беше поништен.

Во вториот меч од оваа група ќе играат Зеленортските острови и Етиопија.



> Два гола од пенал – Камерун со победа го отвори Купот на Африка <

Можете да прочитате

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН