Утрински Весник
Спорт

Халанд веќе го избрал Реал, Јунајтед се фокусираат на СМС

Халанд веќе го избрал Реал, Јунајтед се фокусираат на СМС
Dik 300x250 mk

Манчестер јунајтед излегуваат од трката за потписот на ѕвездата на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд, тврди британскиот „Дејли стар“, бидејќи Норвежанецот веќе го избрал Реал Мадрид, така што сега ќе се фокусираат на други играчи, како Сергеј Милинковиќ-Савиќ од Лацио.

21-годишниот Халанд подолго време се поврзува со повеќе големи европски клубови, како Манчестер сити, Барселона и Реал Мадрид, а посебно е интересна клаузулата од 75 милиони евра за трансфер ова лето, а според британските извори тој веќе решил дека ќе продолжи во Ла лига, и тоа кај „кралевите“, кои ова лето исто така го очекуваат пристигнувањето на Килијан Мбапе од Пари Сен-Жермен.

Италијанскиот „Калчомеркато“ пак, тврди дека Јунајтед по интерес кој трае подолго време, е многу блиску до потписот на ѕвездата на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, за кого римскито клуб бара 70 милиони евра. Според нивните извори, Јунајтед веќе контактирале со агентот на 26-годишниот Србин, поранешниот напаѓач на Челси, Матеја Кежман.

> Халанд веќе го избрал Реал, Јунајтед се фокусираат на СМС <

Можете да прочитате

Интер и Милан официјално сопственици на „Сан Сиро“

Токтасинов почина на 36 години – спортскиот свет во неверување

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс