Утрински Весник
Македонија

Владата ги повика надлежните компании и локалните власти итно да обезбедат топлинска енергија за скопјани

Владата ги повика надлежните компании и локалните власти итно да обезбедат топлинска енергија за скопјани

Владата ги повика надлежните компании и градските власти итно да обезбедат топлинска енергија во домовите на граѓаните на Град Скопје, откако жители на неколку делови од градот реагираа до медиумите дека останале без парно греење.

„Владата ги помага и граѓаните, и општините, и Градот Скопје, но кога се во прашање финансиски обврски кон давателите на јавни услуги, први повикани се надлежните локални власти“, велат од Владата.

Оттука најавија дека следната недела ќе се разгледуваат можности за дополнителна помош. Сепак, како што посочија од Владата, едностран раскин на договорните обврски и прекин на греењето во зимски услови е неприфатливо.

Без парно греење останале стотици домови од општините Чаир и Бутел, како и жители од скопската населба Кисела Вода.

Можете да прочитате

Николоски: Македонскиот авиосообраќај руши рекорди, оваа година ќе сме блиску до 4 милиони патници 

Николоски: За три дена Градскиот воз превезе околу 1.500 патници, интересот е голем и очекуваме да надмине бројка од преку 100 илјади патници

До 18 часот 28 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни