Утрински Весник
Спорт

Петручи првпат се искачи на подиумот на релито „Дакар“

Петручи првпат се искачи на подиумот на релито „Дакар“

Дебитантот на релито „Дакар“, Данило Петручи, дојдо до својот прв подиум на најпознатото светско рели. Петручи четвртата етапа во должина од 464 километри од Ал Касимах до Ријад ја заврши на третото место.

Четвртата етапа во конкуренција на мотоциклистите ја освои Џоан Бреда пред Чилеанецот Пабло Кинтанил.

Во генералниот пласман води Сам Сандерленд со три минути предност пред Матијас Вокнер.

Кај автомобилистите блеска Катарецот Насер ал-Атијах. Тој победи со 25 секунди предност во однос на Себастијан Леб и 52 секунди во однос на Карлос Саинц.

Ал-Атијах води во генералниот пласман со предност од 38 минути во однос на Леб.

> Петручи првпат се искачи на подиумот на релито „Дакар“ <

Можете да прочитате

Бразил убедлив против Шкотска – 24info.mk

Швајцарија и Канада во нокаут фазата, БиХ го совлада Катар

Историски триумф за БиХ на Мундијалот, Швајцарија го завери пласманот понатаму