Утрински Весник
Спорт

Ѓоковиќ слета во Мелбурн, властите му ја одбиле визата

Ѓоковиќ слета во Мелбурн, властите му ја одбиле визата

Новак Ѓоковиќ слета на аеродромот во Мелбурн, но властите во сојузната држава Викторија одбиваат да му дадат виза. Ѓоковиќ не може да го напушти аеродромот и да влезе во земјата. Ова на „Твитер“ го објави министерката за спорт во владата на Викторија.

Австралиските власти потврдиле дека граничната полиција, го одбиле барањето испратено неколку часа пред Ѓоковиќ да слета во Мелбурн, за издавање на виза. Медиумите пишуваат дека тој поднел барање за погрешен тип на виза.

Ѓоковиќ имал виза со која не може да влезе во Австралија како невакциниран, со специјална медицинска дозвола.
Ѓоковиќ ќе поднесе ново барање за да може да влезе во Австралија.

> Ѓоковиќ слета во Мелбурн, властите му ја одбиле визата <

Можете да прочитате

Рељиќ со бронзен медал на натпреварот Фуџарија Г-2 Опен во Емиратите 

Лазаров: Со максимален ангажман до пласман на Светското првенство

Трета европска титула за Данска