Утрински Весник
Свет

Полскиот претседател вторпат заразен од коронавирус

Полскиот претседател вторпат заразен од коронавирус

Претседателот на Полска, Анджеј Дуда, e позитивен на коронавирус, соопшти денеска неговиот главен помошник за државната новинска агенција ПАП.

„Дуда е во изолација“, додаде тој, а пренесува „Ројтерс“.

Да потсетиме, Дуда еднаш веќе прележа Ковид-19 во октомври 2020 година.

Дуда (49) е вакциниран против коронавирусот, а примил и бустер-доза минатиот месец. Полскиот претседател бил тестиран оваа недела поради случаи меѓу вработени во неговата канцеларија.

Повеќе од 4,1 милиони случаи на коронавирус се регистрирани во Полска од почетокот на пандемијата, а досега починале 98.034 луѓе.

Можете да прочитате

Експлозија и пожар во рафинерија во Тексас

Фон дер Лајен повикува на договор за војната во Иран

По вчерашниот пад, денеска нов скок на цените на нафтата