Утрински Весник
Македонија

Од утре до понеделник автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред

Од утре до понеделник автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ја информира јавноста дека утре (четврток), задутре (петок) и в сабота (8 јануари), јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред поради празниците Бадник и Божик.

Исклучок од ова ќе има кај автобуските линии 11, 11а, 18а, 32, 47а, 55, 55б, 56, 56а, 81, 118, 160 и 164 кои утре (четврток, 6. јануари) ќе возат по саботен возен ред.

Дежурни ќе бидат три билетарници – од 7 до 19 часот ќе работат билетарниците на Транспортен центар и Зелен пазар, а отворена од 7 до 13 часот ќе биде билетарницата во Ѓорче Петров.

Жичницата на Водно ќе работи со вообичаеното работно време, односно од 10 до 17 часот.

Можете да прочитате

Интерпелацијата на министерката за енергетика Божиновска пред пратениците

Променливо облачно со локален дожд

Последниот танц на политичарот Вучиќ: Кога моќта почнува да го губи ритамот