Утрински Весник
Свет

Палестински затвореник го прекина штрајкот со глад по 140 дена

Палестински затвореник го прекина штрајкот со глад по 140 дена

Палестинскиот затвореник Хишам Абу Хаваш, кој штрајкува со глад повеќе од 140 дена во знак на протест поради тоа што е затворен без обвинение, се согласи да го прекине штрајкот откако постигна договор со Израел да го ослободи на крајот на февруари, рече тој.

Четириесетгодишниот Абу Хаваш, татко на пет деца и член на екстремистичката организација Исламски џихад, е еден од неколкуте Палестинци кои започнаа штрајк со глад во знак на протест против таканаречениот административен притвор.

Израел тврди дека оваа контроверзна мерка е неопходна од безбедносни причини.

Палестинците протестираа низ Западниот Брег и Појасот Газа за поддршка на Ава Хаваш, а Исламски џихад се закани со воена акција против Израел доколку умре во заробеништво.

Организацијата за исламска соработка, која има 57 земји-членки со мнозинско муслиманско население со седиште во Саудиска Арабија, изрази „сериозна загриженост“ за состојбата на затворениците.

Клубот на палестинските затвореници ја поздрави победата на штрајкот, како што јави Асошиетед прес, наведувајќи дека Абу Хаваш претходно осум години бил во израелски затвор, а повеќе од половина поминал во административен притвор.

Можете да прочитате

Германија најголем производител на пиво во ЕУ во 2025

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Москва

Бројот на издадени рецепти во САД за слабеење за деца зголемен за 300 пати во споредба со 2019 година