Утрински Весник
Македонија

Фатен крадец на дело во Штип, украденото вратено

Фатен крадец на дело во Штип, украденото вратено

Полициски службеници од СВР Штип вчера го лишиле од слобода С.Н.(26) од Штип.

Тој бил затекнат при извршување кражба во Уметничката галерија Безистен во Штип. Исто така, тој се сомничи и дека претходно во неколку наврати извршил кражби во галеријата, при што одзел повеќе предмети.

Одземените предмети биле пронајдени и биле предадени на Националната установа завод и музеј Штип. По целосно документирање на случајот против С.Н. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

СДСМ: Мицкоски се обидува да воведе диктатура

Уапсен кавадарчанец, најдени му се дрога и пари

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсењето на вработен кој се обидел да земе мито, тоа тешко го сфаќа СДС