Утрински Весник
Свет

Прв случај на флурон во Хрватска – истовремено заболување со ковид и свински грип

Прв случај на флурон во Хрватска – истовремено заболување со ковид и свински грип

Во Хрватска е потврден првиот случај на флурон, кога едно лице е заразено со Ковид-19 и грип во исто време, потврди началникот на Службата за клиничка микробиологија, Јасмина Вранеш, за хрватскиот јавен сервис ХРТ.

Првиот случај на флурон е регистриран во Институтот за јавно здравје (НЗЈЗ) „Д-р Андрија Штампар“ во Загреб.

Според информациите, станува збор за комбинација на грип и корона, а според информациите од Институтот се работи за вирусот на инфлуенца А, таканаречениот сој на свински грип H3N2.

Во таа институција, вчера биле регистрирани околу 50 отсто позитивни на Ковид-19, што е многу повеќе од пред седум дена, кога имало 30 отсто позитивни примероци, рече Вранеш.

Таа додаде дека е реткост некој по третпат да заболи од корона, но дека има и двапати заразени иако се вакцинирани. Вранеш нагласи дека се следи состојбата со омикрон, кој многу полесно се шири, а инкубацијата е пократка од пет до седум дена, пренесе „Хина“.

Првиот светски случај на флурон е забележан минатата недела во Израел.

Можете да прочитате

Силна снежна бура ја погоди САД

Момче (12) почина во болница по напад од ајкула во Сиднеј

Иран се заканува со „тотална војна“ доколку САД нападнат