Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

На брод во Џенова најмалку 45 луѓе биле заразени со корона – ги изолирале во кабини

На брод во Џенова најмалку 45 луѓе биле заразени со корона – ги изолирале во кабини
Img 7972

Најмалку 45 патници на крстарење во Италија денеска мораа да се симнат од крузер во пристаништето Џенова, бидејќи се позитивни на коронавирус, објави компанијата МСЦ.

Според италијанските медиуми, тестовите спроведени на бродот „Грандиос“, кој денеска утрото пристигна во Џенова од Марсеј, покажале дека околу 150 луѓе се позитивни на ковид. МСЦ го негираше ова, потврдувајќи дека само 45 заразени луѓе се симнале од бродот во Џенова и дека биле главно асимптоматски.

Но, компанијата подоцна призна дека во авионот имало повеќе позитивни патници, без да го прецизира нивниот број. Тие ќе се симнат следниот пат кога бродот ќе застане.

„ Согласно протоколот, позитивните патници и нивните најблиски веднаш беа изолирани во кабините со балкони и добија медицинска помош. Тие денеска се симнаа во Џенова за безбедно да се вратат дома на трошок на компанијата“ соопшти компанијата МСЦ.

Пристанишните власти не го прецизираа бројот на патници кои се симнале, но потврдија дека италијанските државјани се вратени дома во организација на цивилната заштита, а странците се префрлени во медицинските установи.

Крстарењето не беше прекинато и бродот ќе го продолжи патувањето до следната станица Чивитавекија, пристаниште во близина на Рим.

Можете да прочитате

Фон дер Лајен: Не смееме да паднеме во стапицата на Путин за поделби во ЕУ

Орбан: Унгарија не треба да го воведе еврото, бидејќи ЕУ се распаѓа

Цената на златото достигна нов рекорд поради страв од американската „блокада“ на администрацијата и очекувањата за намалување на каматите