Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Потрагата по исчезнатиот млад Хрват продолжува, неговиот татко пред клубот каде последен пат бил виден

Потрагата по исчезнатиот млад Хрват продолжува, неговиот татко пред клубот каде последен пат бил виден
Img 7972

Министерството за внатрешни работи на Србија потврди дека трага по Матеј Периш од Сплит, кој исчезна во Белград во пресрет на Новата година.

Ова е трет ден откако е пријавено неговото исчезнување, а во тек е полициска потрага. Полицијата со чамец ја пребарува реката во чија близина се наоѓа и клубот во кој тој е виден последен пат.

Матеј Периш од Сплит (1994) последен пат е виден околу 2:30 часот на 31 декември во ноќниот клуб „Готик“, каде бил со неколку негови пријатели со кои дошол во Белград на новогодишната ноќ.

Како што пишуваат белградските медиуми, пријателите на Периш изјавиле дека дошле во клубот по вечерата во еден од рестораните во т.н. Бетон хол, поранешен пристанишен магацин кој е претворен во десетина ресторани и е едно од местата за состаноци за ноќна забава во главниот град на Србија.

Кога во еден момент сфатиле дека веќе некое време немаат пријател, почнале да го бараат во клубот. Јакната му била во соблекувалната, а мобилниот му бил недостапен.

Пријателите на Периш по претресот отишле во изнајменото сместување, а откако тој не се појавил до утрото контактирале со полиција, пишуваат медиумите.

Информациите за исчезнувањето на Матеј Периш се наоѓаат на официјалните сајтови на српската и хрватската полиција но засега нема официјална информација која би укажала на можна трага која би можела да придонесе за потрагата.

Некои медиуми, повикувајќи се на неофицијални информации, објавија дека надзорните камери пред клубот „Готик“ снимиле млад човек од Сплит.

Тие наведуваат дека камерите го снимиле како се движи кон скалите што се спуштаат кон еден од сплавовите.

Снимката е со слаб квалитет бидејќи вечерта беше маглива, се вели во нивните написи.

Таткото Ненад Периш рекол дека последен пат се слушнал со синот на 30 декември околу 17 часот и дека при разговорот не забележал ништо необично.

Ненад Периш, меѓународен ватерполо судија, вели дека многумина од српското ватерполо му понудиле помош.

“Илјадници луѓе се јавија да понудат помош“, изјавил тој.

Можете да прочитате

Најмалку 350 туристи спасени по снежна бура на Монт Еверест

Пронајдено е телото на еден од тројцата хрватски планинари изгубени во Словенечките Алпи: Потрагата е прекината до утре

Околу 1000 луѓе заглавени на падините на Монт Еверест поради снежна бура