Утрински Весник
Свет

Путин и Ердоган разговараа за руските предлози за безбедносни гаранции

Путин и Ердоган разговараа за руските предлози за безбедносни гаранции

Претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган, телефонски разговарале за руските предлози за безбедносни гаранции за САД и НАТО во однос на Русија, соопшти прес-службата на Кремљ.

Двајцата претседатели разговарале и за ситуацијата на Кавказ, Сирија и Либија, пренесува РИА Новости.

Путин и Ердоган ја потврдија својата намера за дополнително интензивирање на заемно корисното партнерство меѓу двете земји и ги сумираа главните резултати од билатералната соработка.

Можете да прочитате

Катарски танкер со гас помина низ Хормуз

Роботакси „украло“ куфери, возилото Waymo отиде во друг град со багажот на патниците

Удвоен бројот на случаи на хантавирус во Аргентина