Утрински Весник
Свет

Поради снегот во Јапонија откажани повеќе од 230 летови

Поради снегот во Јапонија откажани повеќе од 230 летови

Обилните снежни врнежи во западните и северните региони на Јапонија во последните два дена доведоа до откажување на повеќе од 230 летови.

Откажани се летовите од аеродромите Шин-Читосе во градот Сапоро на островот Хокаидо, каде властите мораа да ја затворат пистата три часа за да го расчистат снегот.

Поради тоа се создадоа огромни редови на луѓе кои не можеа да одлетаат и беа принудени да ја менуваат картата за следните летови. Во моментов во Хокаидо висината на снежната покривка надминува еден метар.

Можете да прочитате

Катарски танкер со гас помина низ Хормуз

Роботакси „украло“ куфери, возилото Waymo отиде во друг град со багажот на патниците

Удвоен бројот на случаи на хантавирус во Аргентина