Утрински Весник
Македонија

Сончево и топло со температури до 18 степени

Сончево и топло со температури до 18 степени

Утрово има појава на магла по одделни котлини. Преку ден ќе биде сончево и над просечно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 10 до 18 степени.

Во Скопје, претпладне со појава на магла, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 14 степени.

Во следните денови ќе се задржи стабилно и релативно топло време со појава на утринска магла по одделни котлини.

Можете да прочитате

Од Србија екстрадиран Саит Саитов кој прегази жена во Капиштец

Алиу: Денес го направивме еден од најважните чекори за модернизација на македонското здравство

Border bites целодневен настан во сабота во Дојран