Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Делегација на СДСМ оддаде почит на првиот претседател на државата Киро Глигоров

Делегација на СДСМ оддаде почит на првиот претседател на државата Киро Глигоров
300x250 opst2

По повод десетгодишнината од смртта на првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров, делегација на СДСМ во состав Миле Зечевиќ, генерален секретар, Ана Данева Маркова членка на ИО на СДСМ и Марија Иванова, потпретседателка на СДММ, денеска оддаде почит и положи цвеќе на неговото вечното почивалиште.

„СДСМ и сите граѓани со особена почит се сеќаваат и ги вреднуваат државните достигнувањата на претседателот Глигоров кој го отвори европскиот пат на земјата. Заложбите на претседателот Глигоров за напредок на државата, неговите државнички политики, изградија значајни пријателства, отворија соработка и создадоа заедништво внатре и во светот, со што јасно ја постави насоката и го зацрта патот на интеграцијата и развојот, којшто денес со гордост го продолжуваме.
Претседателот Глигоров беше и останува почитуван политичар и државник во регионот и светот, чие искуство и мудрост и денес се вреднуваат и ценат. Тој е претседател кој ја зачува својата татковина безбедна и успеа да ја постави на патот кон Европа“, стои во писменото известување од СДСМ.

СДСМ како одговорна и државничка партија која се води од интересите на граѓаните и државата, велат од таму, останува цврсто определена да ги негува и спроведува вредностите што претседателот Глигоров ги остави зад себе.

Можете да прочитате

Пукање во центарот на Куманово – повреден носител на советничка листа од Липково

Претреси во домови за стари лица во Скопје под сомненија за нехуман третман

ДИЗ: Инспекциски контроли кај извозникот, откупувачите и производителите, црвените пиперки не се вратени во Македонија