Утрински Весник
Македонија

Владина делегација положи цвеќе на гробот на претседателот Глигоров

Владина делегација положи цвеќе на гробот на претседателот Глигоров

Делегација на Владата предводена од заменик-претседателот на Владата за економски прашања Фатмир Битиќи, министерот за здравство Венко Филипче и државната секретарка во Секретаријатот за европски прашања Калинка Габер, денеска положи цвеќе на гробот на претседателот Киро Глигоров.

Денеска се навршуваат 10 години од смртта на првиот претседател на Република Македонија Киро Глигоров кој на 8 септември 1991 година, после успешниот референдум ја прогласи независноста на државата.

Претседателот Глигоров беше првиот македонски претседател кој се обрати на македонски јазик на говорницата на Обединетите нации на 8 април 1993 кога Република Македонија стана 181 членка на ОН.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче од опозициска клупа нуди уставни измени, ни недела од новата влада, а веќе коленичи пред Радев

СДСМ: По ЗНАМ се распаѓа и ВМРО-ОКГ

Среде месец мај ни се враќа зимата?