Утрински Весник
Спорт

Ливерпул утре гостува кај Челси

Ливерпул утре гостува кај Челси

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, смета дека дуелот со Челси е еден од најважните за неговиот тим оваа сезона. „Црвените“, во недела, гостуваа на „Стенфорд Бриџ“. Челси се втори на табелата со осум бода помалку од Манчестер сити, Ливерпул имаат девет бода помалку од лидерот.

„Сити се одлични. Пред натпреварот со Лестер ние бевме во одлична позиција, имавме три бода помалку од Сити. Со оглед на тоа каква сезона имаат тоа беше одлично. Некој од нас може да го префрли притисокот врз Сити. Победникот може, за поразениот не знам. Ќе видиме. Секако нема да се откажаме по поразот од Лестер. Имаме уште многу натпревари до крајот“, рекол Клоп.

Дербито во Лондон ќе започне во 17.30 часот.

> Ливерпул утре гостува кај Челси <

Можете да прочитате

Попева и Рустемовски најуспешни македонски спортисти за 2025 година

Селекторот на Сенегал суспендиран пет натпревари за инцидентите во финалето на Африканскиот куп

Министерството за спорт додели 500 стипендии „Спортска надеж“