Утрински Весник
Свет

Во Ирак фатен редок примерок на леопард

Во Ирак фатен редок примерок на леопард

Редок примерок на леопард – персиски пантер – е фатен во планинскиот дел на северен Ирак, но едната шепа мораше да биде ампутирана поради повредата, објави денеска агенцијата Франс пресс.

Персискиот пантер е подвид на леопард кој се наоѓа во областа која опфаќа дел од Кавказ, особено Иран и Авганистан.

Меѓународната унија за зачувување на природата го смета за загрозен вид и има само околу 1.000 од нив во светот.

Ветеринар од зоолошката градина во Дохук изјави дека задната нога на животното, старо околу пет години и тешко од 90 до 100 килограми, е ампутирана.

Локалните власти претходно соопштија дека мештаните во планинската област пријавиле исчезнување на околу 20 овци, а потоа сфатиле дека биле нападнати од леопард.

Животното ја повредило шепата откако паднало во стапица што ја поставиле мештаните.

Леопардот ќе остане под наша контрола уште долго. А ако не биде пуштен ќе живее во зоолошка градина“, изјавил ветеринарот.

Можете да прочитате

Минимален сообраќај низ Ормуската Теснина во екот на војната во Иран

Ердоган вели дека Турција работи на воспоставување мир во војната на САД и Израел против Иран

Хезболах: Ќе спречиме израелска окупација на јужен Либан