Утрински Весник
Свет

Коалицијата против ИД ја заврши борбената мисија и го напушта Ирак

Коалицијата против ИД ја заврши борбената мисија и го напушта Ирак

Ирак објави дека коалицијата предводена од Америка која се борела против екстремистичката Исламска држава ја завршила својата борбена мисија и ја напуштила земјата.

„Мисијата на коалицијата сега е ограничена на советување и поддршка на Стратешкиот дијалог“, соопшти ирачката влада.

Нема повеќе странски борбени единици во Ирак, се додава.

Претходно оваа година, Ирак и Соединетите Држави се согласија дека коалициските сили повеќе нема да извршуваат борбени мисии.

И коалицијата против ИД во петокот потврди дека нејзината борбена мисија во Ирак е завршена и отсега ќе дава совети за ирачката армија и Пешмерга, како што се нарекуваат безбедносните сили на автономната ирачка провинција Курдистан.

Алијансата за борба против ИД е основана откако радикалната група освои големи делови од северен Ирак и соседна Сирија со прогласување калифат.

Во меѓувреме, ИД ја изгуби освоената територија, но се уште е активна и извршува напади во двете земји.

Ирак прогласи победа над ИД во декември 2017 година.

Можете да прочитате

Генералниот секретар на НАТО уверен дека ќе се соберат 15,5 милијарди долари за Украина

Во Полска приведен наводен руски шпион

Две бебиња по пат од 16 -ти кат преживеале