Утрински Весник
Спорт

Почина десеткратниот НБА шампион, Сем Џонс

Почина десеткратниот НБА шампион, Сем Џонс

Сем Џонс, кој беше клучен дел на „династијата“ на Бостон селтикс во 1950-тите и 1960-тите и со нив освои 10 НБА титули, почина на 88 години во четвртокот на Флорида, каде што бил хоспитализиран поради влошено здравје.

Џонс сите свои 12 НБА сезони ги одигра со Селтикс, и бил познат по својата брзина, лидерството на теренот и еден од најдобрите шутови од далечина. Тој беше драфтуван од Ред Оербах во 1957 година од Норт Каролина сентрал, колеџ за Афро-Американци.

Џонс беше петкратен Ол Стар и ја заври кариерата со 15.411 поени, со просек од 17.7 по натпревар, а трипати беше најдобар стрелец во Селтикс. Со 10 НБА титули тој е вториот најтрофеен кошаркар во НБА историјата зад својот соиграч Бил Расел со 11.

Тој се пензионираше од кошарката во 1969 година на 36 години, по што стана учител во Мериленд, работа која ја работеше повеќе од 30 години.

> Почина десеткратниот НБА шампион, Сем Џонс <

Можете да прочитате

Скандал го тресе чешкиот фудбал – Масовни апсења

УЕФА го отфрли барањето на клубовите од Премиер лигата за проширување на составите за ЛШ

ФИФА откажа 2.000 хотелски резервации за СП 2026 година во Филаделфија