Утрински Весник
Свет

Поголемиот дел од светот ја прославува Новата година под антиковид мерки

Поголемиот дел од светот ја прославува Новата година под антиковид мерки

Додека се уште сме во подготовките за Нова година, жителите на островските држави Самоа, Кирибати, Нов Зеланд и Австралија веќе си ја честитаа Новата година, главно со откажани или ограничени јавни собири, а некаде и со спектакуларен огномет.

Австралија се збогуваше со 2021 година со прекрасен огномет над пристаништето во Сиднеј, бидејќи добија добра вест од Јужна Африка, првата земја што го помина бранот Омикрон и донесе надеж за посреќна Нова година, пренесува Ројтерс.

Прославата на Новата година на Тајмс Сквер во Њујорк ќе се одржи и покрај рекордниот број заразени со Ковид-19, потврди вчера градоначалникот Бил де Блазио.

Можете да прочитате

Девојка од Шпанија – жртва на групно силување во детството, ќе биде доброволно евтаназирана

Трамп откри каков подарок му дал Иран

Финска пратеничка казнета поради изјава за хомосексуалноста