Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Путин им посака на сите добро здравје во 2022: Да се раѓаат повеќе деца, да растат здрави и чесни

Путин им посака на сите добро здравје во 2022: Да се раѓаат повеќе деца, да растат здрави и чесни
Img 7972

Рускиот претседател Владимир Путин во новогодишното обраќање им посака на сите добро здравје и порача дека ќе следи успех во се останато.

„ Наскоро доаѓа Нова Година и во многу семејства, вклучително и нашите сонародници надвор од Русија, ќе се слушаат традиционалните зборови: Среќна Нова Година! – рече Путин.

Тој додаде дека Русите ги кажуваат овие едноставни зборови со посебно чувство бидејќи се пренесуваат од генерација на генерација, пренесе ТАС.

„ Честитки! Главната желба на сите е секако добро здравје. Сигурен сум дека после тоа ќе следат успеси во бизнисот, студиите, креативните активности и омиленото занимање“ рече рускиот претседател.

Шефот на државата им посака на сите домаќинства што е можно повеќе среќни моменти и да се основаат што повеќе семејства и што повеќе деца во Русија.

„ Нека растат здрави, паметни, чесни и слободни! Нека љубовта е во секое срце и нека не инспирира сите да ги постигнеме нашите цели и да ги освојуваме највисоките височини – заради нашите најблиски и нашата единствена, најголема татковина! Среќна Нова Година, драги пријатели! – им порача Путин на руските граѓани.

Во своето обраќање тој изрази поддршка за сите оние кои ги загубија своите најблиски поради пандемијата.

Напомена дека граѓаните во изминатата година се соочиле со големи предизвици, но дека научиле да живеат во тешки услови и да решаваат сложени проблеми.

Можете да прочитате

Фон дер Лајен: Не смееме да паднеме во стапицата на Путин за поделби во ЕУ

Орбан: Унгарија не треба да го воведе еврото, бидејќи ЕУ се распаѓа

Цената на златото достигна нов рекорд поради страв од американската „блокада“ на администрацијата и очекувањата за намалување на каматите