Утрински Весник
Македонија

Две лица тешко повредени во сообраќајна несреќа на патот Струга-Дебар

Две лица  тешко повредени во сообраќајна несреќа на патот Струга-Дебар

Вчера во 10.10 часот во СВР Охрид било пријавено дека на регионалниот пат Струга-Дебар, кај место викано „Лабунишки ливади“, се случила сообрaќајна несреќа помеѓу патничко возило „алфа ромео“, со дебарски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(66) од Дебар и патничко возило „фолксваген голф“, со швајцарски национални ознаки, управувано од Д.Т.(45) од Струга.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобиле возачот Д.Т. и Ш.Б.(60) од Дебар, сопатник во возилото „алфа ромео“, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.

Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид.

Можете да прочитате

Почина Кирил Слезенковски – член на ЦК на Левица

Сајбер напади и хибридни закани – новата опасност за Македонија вели Стефановски

Иран не може да се порази со сила – исходот води кон договор вели Стефановски