Утрински Весник
Свет

Рекорден број заболени од коронавирус во Грција и Италија

Рекорден број заболени од коронавирус во Грција и Италија

Во Грција денеска е забележан рекорден број од 35.580 новозаразени со коронавирусот, а во земјата доминантен е омикрон сојот.

„Се чини дека „нападот на омикрон е многу интензивен“, рече заменик-министерката за здравство Мина Гага.

Грчкиот министер за здравство Танос Плеврис вчера најави нови ограничувања во угостителскиот сектор, кои ќе стапат на сила вечерва.

Според новите мерки, баровите, ноќните клубови и рестораните ќе можат да работат до полноќ, но без музика, освен за новогодишната ноќ, кога ќе можат да работат до два часот по полноќ.

„Овие мерки, доколку строго се применат, ќе ни овозможат да се вратиме на нашите нормални животи од средината на јануари“, рече Плеврис.

Од минатата недела во земјата се забранети сите прослави за божиќните и новогодишните празници на јавни места, а воведено е и задолжително носење маски на отворено.

Рекорден број на новозаразени од Ковид-19 е забележан и во Италија во изминатите 24 часа со бројка од 126.888 зарзаени лица, соопшти италијанското Министерство за здравство.

Во болниците има 10.866 пациенти, додека на одделите за интензивна нега се примени 134 лица, така што вкупниот број на пациенти на интензивна нега е 1.226 лица, соопштиле италијанските власти.

Во Италија од почетокот на епидемијата од коронавирусот починале 137.247 луѓе, што е втор најголем број смртни случаи во Европа по Велика Британија.

Можете да прочитате

ОН го повикува Израел да се откаже од планот за воспоставување воена контрола врз Појасот Газа

Профитот на Тојота намален за 37 проценти

Полицијата во Британија со невидлив спреј ќе ги обележува хулиганите на стадионите