Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Нема извршено секвенционирање на брис кај пациент од Струга за да се утврди присуство на омикрон, велат од здравство

Нема извршено секвенционирање на брис кај пациент од Струга за да се утврди присуство на омикрон, велат од здравство
300x250 opst2

Министерството за здравство информира дека досега со секвенционирање на вирусот SarsCoV2 омикрон е детектиран само кај еден пациент кој во државата пред извесно време се вратил од Велика Британија.

„Утврдување на присуство на сој на вирусот SarsCov2 се врши единствено и исклучиво со секвенционирање, ПЦР тестирањето, односно детектирање на S-gene dropout
може да биде само индикација но не и потврда дека пациентот е заразен со сојот омикрон на Ковид 19. Досега на ПЦР тестови кај тројца пациенти позитивни на Ковид 19, детектиран е S-gene dropout, но нема извршено секвенционирање, односно нема потврда дека се заразени со омикрон. Тестирањата им се направени во приватна болница, а станува збор за пациенти од Прилеп, Велес и Струга“, соопштија од Министерството за здравство.

Според здравствените власти, на пациентите им била направена епидемиолошка анкета и согласно протоколите во изолација биле ставени и лицата со кои биле во контакт.

„Министерството за здравство апелира од воздржување и давање паушални изјави и непроверени информации кои ги доведуваат граѓаните во заблуда и шират паника меѓу населението“, е наведено во соопштението.

Можете да прочитате

Кичевчанец возел со 2,11 промили алкохол во крвта

Паднаа двајца дилери, во автомобилот имале кокаин, вага и пари

25-годишна охриѓанка претепана на работното место од маж кој подолго време ја вознемирувал