Утрински Весник
Спорт

Не пак, Марио! Балотели со гепек полн со петарди порача: Ман Сити, подготвени сме!

Не пак, Марио! Балотели со гепек полн со петарди порача: Ман Сити, подготвени сме!

Супер-Марио Балотели повторно се подготвува да прославува Нова Година на за него најдобриот начин – со многу петарди и пиротехника, откако на Инстаграм објави приказна во која има повеќе пакети во својот гепек на автомобилот и не изддржа да не го „пецне“ својот поранешен клуб, Манчестер сити порачувајќи им дека се подготвени.

31-годишниот италијански фудбалер на Адана Демирспор, оваа сезона се врати во форма со  7 гола и 2 асистенции во 18 настапи откако лани одигра половина сезона за италијанскиот второлигаш Монца.

Во 2011 година, кога беше фудбалер на Сити, тој „славно“ пушти петарди и пиротехника во тоалетот на неговата изнајмена куќа во Чешир пред дербито со Манчестер јунајтед, по што предизвика пожар и мораше да бега од куќата. Сити тогаш го примора да стане „амбасадор“ за промоција на безбедноста од пиротехника.

> Не пак, Марио! Балотели со гепек полн со петарди порача: Ман Сити, подготвени сме! <

Можете да прочитате

УЕФА го отфрли барањето на клубовите од Премиер лигата за проширување на составите за ЛШ

ФИФА откажа 2.000 хотелски резервации за СП 2026 година во Филаделфија

Поднесена е жалба до Европската комисија против ФИФА поради цените на билетите за Светското првенство