Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Во Визбегово, општина Бутел започнува да се гради целосно ново основно училиште за над 500 деца

Во Визбегово, општина Бутел започнува да се гради целосно ново основно училиште за над 500 деца
Img 7972

Почна процесот за изградба на ново основно училиште во населба Визбегово во општина Бутел со капацитет за над 500 ученици.

„Со изградбата на овој модерен училишен објект во чиј состав е предвиден и простор за рекреација и спортување, се одговара на долгогодишните потреби и барања на жителите од населбата. Со изградбата на новото училиште ќе се надополнат и потребите за економски развој на овој дел од градот“, велат од Министерството за образование и наука.

Склучениот договор за изведување на градежните работи за изградба на објектот е во висина од 106.590.812,00 денари со ДДВ , а рокот за реализација на договорот се предвидува да биде 18 месеци. Вкупната површина на градежната парцела е 12.029 м2.

Градоначалникот на општина Бутел изјави дека процедурата за изградба на учиштето ја почнала општината во 2014 година. Тогаш како советник, рече Костовски, гласав за отпочнување на целата постапка а денес како градоначалник во соработка со МОН ќе изградиме ново општинско основно училиште во Визбегово.

„Направивме увид на градежната парцела каде наскоро започнуваме со градежни активности и поставување на камен темелник. Како Општина Бутел во најбрз рок ќе ги обезбедиме сите потребни работи за непречено одвивање на градежните активности“, рече Костовски.

Можете да прочитате

Прилепчанец две години ја следел и прогонувал поранешната сопруга

Променливо облачно со сончеви периоди, температурите од – 1 наутро до 15 преку ден

Случајот „Пулс“ кај судијката која го осуди Кежаровски и го судеше Бучковски и Заев