Утрински Весник
Свет

Јанша: Некои лидери не сакаат проширување на ЕУ зашто вака имаат поевтина работна сила

Јанша: Некои лидери не сакаат проширување на ЕУ зашто вака имаат поевтина работна сила

Словенија во текот на своето претседавање со Советот на ЕУ се избори во документите повторно да се воведе поимот „перспектива за членство“, наместо само „европска перспектива“ за државите на Балканот и европското источно соседство, тврди словенечкиот премиер Јанез Јанша, а пренесува хрватски „Индекс“.

„Еден од стратегиските успеси е што проширувањето го вративме на маса како еден од клучните проекти на ЕУ. Но за тоа беа потребни многу расправи“, изјави Јанша за словенечката телевизија, зборувајќи за успесите на својата влада, во традиционалното предновогодишно интервју.

„Во тие расправи многу пати кажав дека по сè што доживуваме на истокот и што во последните децении го гледавме на Балканот треба да биде јасно дека ЕУ мора да се шири, со што се шири просторот на слободата и благосостојбата. Треба да се ослободиме од илузијата дека нештата ќе се решаваат сами по себе, а ако не се шири ЕУ, ќе се шири некој друг“, кажа словенечкиот премиер.

„Еден од европските лидери, нема да му го кажам името, во расправата дури кажа: зошто би ги внеле во Европската Унија, кога вака ни се поевтини како работна сила“, истакна Јанша, додавајќи дека во некои постари членки преовладуваат тесноградоста и националистичките интереси над визијата на слободна, мирна и обединета Европа.

Можете да прочитате

Израелската војска принуди 1.200 Палестинци да ги напуштат домовите во Хеброн

Во судир на два воени авиони за време на тренинг лет на Филипините загинаа четири пилоти

Протести во Чешка поради промени во финансирањето на медиумите, демонстранти се обидоа да влезат во Парламентот