Утрински Весник
Свет

Во Европа беснее епидемија која нема врска со Ковид и не и се гледа крајот

Во Европа беснее епидемија која нема врска со Ковид и не и се гледа крајот

Во Европа беснее епидемија која нема никаква врска со коронавирусот, а експертите велат дека „не се гледа крајот“.

Според Јутарњи лист, ова е најлошата епидемија на птичји грип досега, покажуваат податоците на истражувачкиот институт на германската влада.

„Во моментов се соочуваме со најсилната епидемија на птичји грип досега во Германија и Европа“, соопшти Институтот Фридрих Лофлер (ФЛИ), федерален истражувачки институт во Германија за здравје на животните.

Секојдневно се откриваат нови случаи и не се засегнати само дивите птици, вели институтот и додава: „Не се гледа крај. Засегнатите земји се протегаат од Финска до Фарските Острови и Ирска, од Русија до Португалија“.

Случаи се пронајдени и во Канада, Индија и Источна Азија.

Само во Германија, 394 случаи се откриени кај диви птици, вклучувајќи патки, гуски, лебеди и галеби, а 46 случаи се пријавени на германски фарми.

Она што е уште позагрижувачко е што случаите се откриени кај цицачите, на пример кај црвените лисици во Холандија и Финска, сивите фоки во Шведска, пристанишните фоки во Германија и видрите во Финска.

Можете да прочитате

Околу 1.000 мигранти исчезнале во морето по циклонот Хари

Продажбата на пиво во Германија опаѓа, младите бараат алтернативи

Унгарија ја тужи ЕУ поради забраната на увоз на руски гас