Утрински Весник
Свет

(Видео) Соработничка на милијардерот Џефри Епштајн прогласена виновна за злоставување малолетни девојчиња

(Видео) Соработничка на милијардерот Џефри Епштајн прогласена виновна за злоставување малолетни девојчиња

Гислајн Максвел, поранешна соработничка на милијардерот Џефри Епштајн, обвинет за сексуална злоупотреба, беше прогласена за виновна пред њујоршкиот суд под обвинение дека намамила и измамила малолетници за Епштајн кој се самоуби во 2019 година.

Американската порота ја прогласи Максвел за виновна по пет од шест точки поврзани со нејзината улога во сексуално злоставување малолетни девојчиња помеѓу 1994 и 2004 година, од Џефри Епштајн, кој се самоуби во затворска ќелија во Менхетен во 2019 година додека чекаше судење за обвиненијата за сексуална злоупотреба,соопшти Ројтерс.

На поранешната помошничка на Епштајн сега и се заканува затворска казна до 70 години, а се соочува и со две точки од обвинението за лажно сведочење, на кои ќе и се суди посебно.

https://www.youtube.com/watch?v=B3204xrr3LU

Можете да прочитате

Бесент ги идентификуваше украинските напади врз Русија како една од причините за глобалните енергетски шокови

Над илјада заразени во Европа од западнонилска треска

Хакери во Берлин објавија украдени податоци откако градот одби да плати откуп